ПРВ.мк
Македонија

Судијата нема да чека: Коцевски најавува брзи одлуки во случајот „Пулс“ – еве ги деталите!

Судијата нема да чека: Коцевски најавува брзи одлуки во случајот „Пулс“ – еве ги деталите!
Kristal

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски очекува судскиот процес за пожарот во кабаре „Пулс“ во Кочани да се води брзо и транспарентно. Судењето започна денеска во Идризово, а според Коцевски, Обвинителството го ангажирало потребниот број обвинители за да се избегне одолговлекување.

Во интервју за Дневникот на ТВ Сител, Коцевски нагласи дека не очекува долг период до првостепената одлука, бидејќи постојат законски определени рокови. Тој објасни и дека постапката не е раздвоена, иако има 35 обвинети и три правни лица, бидејќи раздвојување би довело до повторување на доказите и дополнително одолговлекување.

„Тимот јавни обвинители процени дека најцелисходно е да се води една постапка против сите обвинети,“ рече Коцевски.

Досега имале три средби со родителите на жртвите, последната минатата недела, и ги информирале за сите аспекти на обвинението, текот на постапката и одговориле на сите нивни прашања.

Во однос на иницијативите за формирање анкетна комисија во Собранието за трагедијата, Коцевски порача дека политиката треба да „ги тргне рацете од оваа постапка“ бидејќи се води судска постапка. Тој смета дека формирање на таква комисија не е целисходно во овој момент, но може да се разгледа по завршување на судскиот процес за политичка одговорност.

Државниот јавен обвинител истакна дека досега немало никаков притисок врз Обвинителството при формирањето на обвиненијата. „Никој досега не вршел притисок, ниту на мене, ниту на обвинителите. За оние за кои има докази, ќе биде подигнато обвинение,“ рече тој.

Коцевски додаде дека истражните постапки за околу 30 полициски службеници се при крај, а првата јавнообвинителска одлука се очекува во првата половина на декември. Во истиот период се очекува да заврши и предистражната постапка за лица од Управата за јавни приходи.

Escape