ПРВ.мк
Македонија

Малиновски предупредува: Умислата кај обвинетите е тешко докажлива!- погледни ги деталите во текстот

Малиновски предупредува: Умислата кај обвинетите е тешко докажлива!- погледни ги деталите во текстот
Kristal

Адвокатот Драган Малиновски оцени дека обвинението за кривичното дело во овој предмет е поставено на многу нестабилни правни основи, особено кога станува збор за прашањето на умислата.

Според него, квалификацијата дека обвинетите делувале со умисла е речиси недржлива и тешко докажлива.

„Во принцип, ова кривично дело обично се води како дело сторено од небрежност. Умислата би била исклучок. Како што јас го гледам случајот, да се тврди дека сите обвинети во целиот временски период делувале со умисла – дури и евентуална – е правно проблематично,“ објаснува Малиновски во Топ Тема на Телма.

Тој дополнува дека ваквото квалификување на делото може да доведе до исклучително високи казни, што отвора прашања за правичноста и правната одржливост на обвинението. „Страшно е ако за вакво дело, со ваква последица, умислата може да предизвика казна што надминува дозволениот максимум од 20 години,“ истакнува адвокатот.

Анализата на Малиновски дополнително го истакнува прашањето дали обвинението е поставено според реалните докази или се обидува да ја прошири одговорноста надвор од она што законот дозволува.

Escape