Влажниот бран што ја зафати Македонија предизвика сериозни проблеми за возачите, пешаците и службите за итни интервенции.
Рано утрово, првата итна задача за пожарникарите во Старо Нагоричане беше спасување на две лица заглавени во автомобил поради излевање на Пчиња во село Стрновац. Акцијата заврши успешно, а спасените лица беа извлечени без повреди.
И Скопје осамна под темни облаци, а дел од улиците се претворија во вистински вештачки езера. Во Козле, жителите едвај успеаја да ги извлечат своите автомобили од поплавените паркинзи, додека службите на ЦУК беа на терен со полни раце работа.
Синоптичарите предупредуваат дека во последните два дена најмногу дожд наврналo околу Лазарополе, а врнежите ќе продолжат да се задржат до крајот на неделата.
Поради обилните врнежи, значително се зголемени водостоите на речните корита, особено на Вардар. Службите апелираат до граѓаните да се движат внимателно покрај реките и езерата, бидејќи состојбите можат брзо да се влошат.
















