ПРВ.мк
Скопје

Орце Ѓорѓиевски со порака до јавноста: Скопје се менува – ред, брзина и одговорност во сите институции

Орце Ѓорѓиевски со порака до јавноста: Скопје се менува – ред, брзина и одговорност во сите институции
Kristal

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска соопшти дека Градот Скопје подготвил вкупно 1.032 административни решенија поврзани со данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и решенија за комунална такса – фирмарина. Според него, ова претставува значаен чекор во забрзување на административните услуги за граѓаните.

Како што истакна Ѓорѓиевски, овие документи опфаќаат предмети од сите правни основи, а од сега обработката ќе се одвива со значително побрзо темпо. Подготвените решенија ќе бидат доставени до даночните обврзници во најкус можен период, со што конечно се прекинува досегашната пракса на чекање и застој.

„Од денеска, ниту едно решение без правен спор нема да биде стопирано или заглавено во бирократски процеси. Воспоставуваме ред, одговорност и навремена услуга“, рече градоначалникот, нагласувајќи дека администрацијата мора да работи во темпо кое одговара на потребите на граѓаните.

Тој потсети дека граѓаните имаат право да ги добијат услугите тогаш кога им се потребни, додавајќи дека тоа било едно од клучните изборни ветувања и принцип што нема да биде променет.

Ѓорѓиевски објасни дека Градот работи и на мерки за зголемување на сопствените приходи со цел навремено исполнување на обврските и финансиска стабилност. Притоа упати апел до сите граѓани и правни субјекти навремено и одговорно да ги подмируваат своите давачки.

„Време е секој да го даде својот дел. Само така можеме да го движиме Скопје напред“, ја заврши изјавата градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Escape