ПРВ.мк
Скопје

ЈСП демантира скандал со жичарата на Водно – ништо од тоа не е точно

ЈСП демантира скандал со жичарата на Водно – ништо од тоа не е точно
Kristal

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје денеска реагираше на вестите што се проширија во медиумите за наводен инцидент на жичарата на Водно, во кој, според објавените извештаи, биле „спасени“ тригодишно дете и тројца возрасни патници.

Во официјалното соопштение, ЈСП категорично ги демантира овие информации и посочува дека таков настан не е евидентиран, ниту денес, ниту во блиското минато.

Во изјавата се нагласува дека содржините објавени во медиумите не се засноваат на проверени податоци и претставуваат неточни информации што ја доведуваат јавноста во заблуда. ЈСП предупредува дека ваквиот пристап создава лажна слика, непотребна паника и чувство на несигурност кај граѓаните.

„Начинот на кој е претставена информацијата е погрешен и не одговара на реалната состојба. Граѓаните заслужуваат точни и проверени информации, а не сензационализам и дезинформации,“ се наведува во соопштението.

Од претпријатието дополнуваат дека ваквиот начин на објавување на непроверени вести е сериозен пропуст и може да влијае негативно врз довербата во јавните институции и услугите што се нудат.

„Очекуваме од медиумите професионално, точно и одговорно информирање, а не пласирање сензационални содржини кои ја нарушуваат довербата кај јавноста,“ .

Escape