ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО)Полскиот амбасадор едвај преживеа напад од агресивна толпа!

(ВИДЕО)Полскиот амбасадор едвај преживеа напад од агресивна толпа!
Kristal

Амбасадорот на Полска во Русија, Кшиштоф Крајевски, кој ја извршува функцијата од 2021 година, бил нападнат од „агресивна“ група демонстранти во Санкт Петербург, додека престојувал во градот за да се сретне со локалната полска заедница по повод Денот на независноста.

Инцидентот се случил на Невски Проспект, главниот булевар во градот, додека амбасадорот се упатувал кон базиликата „Света Катерина Александриска“, придружуван од конзулот Јарослав Стричарски. Според полски извори, толпата со антиполски и антиукраински транспаренти го опколила Крајевски и се обидела да го нападне.

Интервенцијата на Службата за државна заштита го спречила нападот и спречила ескалација. Оваа служба е задолжена за обезбедување на високите полски функционери во странство. Полските медиуми ја опишуваат ситуацијата како „најсериозен инцидент од ваков вид во последниве години“.

ПОГЛЕДЕНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Escape