ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Полски медиуми: Нападнат нашиот амбасадор во Русија, објавена снимка од инцидентот!

(ВИДЕО) Полски медиуми: Нападнат нашиот амбасадор во Русија, објавена снимка од инцидентот!
Kristal

Полските медиуми објавија драматично видео и детали за сериозен инцидент во Санкт Петербург, каде што полскиот амбасадор во Русија, Кшиштоф Крајевски, бил нападнат од група демонстранти кои протестирале против полската поддршка за Украина.

Инцидентот се случил во неделата, додека амбасадорот бил на пат кон Католичката црква „Св. Катарина“ по повод Денот на независноста на Полска. Според „Газета Виборча“, Крајевски бил опколен од агресивна група која носела транспаренти со антиполски и антиукраински пораки.

Демонстрантите најпрво го навредувале вербално, а потоа неколкумина се обиделе и физички да го нападнат. Брзата интервенција на припадниците на полската Државна служба за заштита спречила потежок инцидент.

Полското Министерство за надворешни работи го потврди нападот и го опиша како „најсериозниот во последните години“. Варшава веќе реагирала дипломатски, изразувајќи силно незадоволство до руската страна. Москва, пак, соопштила дека вакви ситуации „не треба да се случуваат“, но го отфрлила секое обвинување за организирање на протестот.

Настанот доаѓа во период кога тензии меѓу Полска и Русија растат, особено по саботажата на железничка линија во Полска, за која Варшава директно ја обвинува Москва. Како одговор, Полска го затвори рускиот конзулат во Гдањск – трет по ред по оние во Познањ и Краков – оставајќи само едно руско дипломатско претставништво активно во земјата.

Москва возврати со обвиненија за „русофобија“ и најави реципрочни мерки.

ВИДЕО

Escape