ПРВ.мк
Македонија

Лидл бара нови вработени – еве во кој градови и кои позиции се отворени!

Лидл бара нови вработени – еве во кој градови и кои позиции се отворени!
Kristal

Германскиот синџир на супермаркети Лидл започна со објавување огласи за вработување во Македонија, во пресрет на отворањето на новите маркети. Според најавите, првиот маркет ќе биде отворен до крајот на годинава, а планирани се и маркети во Скопје, Куманово, Кичево, Кавадарци, Тетово, Велес и Струмица.

Од објавените огласи, компанијата бара квалификувани кандидати за следниве позиции во Скопје и Куманово:

  • Копирајтер со лиценца за лекторирање
  • Експерт за HACCP
  • Специјалист за корпоративни комуникации
  • Царински декларант (без лиценца)
  • Специјалист за синџир на набавки
  • Консултант за свежи и замрзнати прехранбени производи
  • Специјалист за привлекување на таленти

Лидл нагласува дека се бараат мотивирани кандидати со релевантно образование и искуство, кои сакаат да се развиваат во меѓународна компанија и да напредуваат во кариерата.

Сите детали за отворените позиции и начинот на аплицирање може да се најдат на официјалната веб-страница на Лидл.

Escape