ПРВ.мк
Македонија

Неочекуван пресврт во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска – зошто Обвинителството повторно тргна по таткото?

Неочекуван пресврт во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска – зошто Обвинителството повторно тргна по таткото?
Kristal

Адвокатот Владимир Туфегџиќ денеска  потврди дека Јавното обвинителство, буквално во последниот ден од жалбениот рок и непосредно пред крајот на работното време, поднело жалба со која бара укинување на ослободителната пресуда за неговиот клиент Александар Ѓорчевски.

Туфегџиќ најави дека ќе поднесе одговор на жалбата и формално ќе побара јавна седница пред Жалбениот совет на Апелациониот суд, изразувајќи целосна увереност дека второстепениот суд ќе ја потврди првостепената одлука.

„Ќе барам јавна седница на жалбениот совет и очекувам судот да ја потврди ослободителната пресуда, токму врз основа на наводите на застапникот на обвинението во завршниот збор, во кој кажа — цитирам — ‘ако не прашате дали имаме докази против Александар, НЕМАМЕ’“, изјави Туфегџиќ.

Александар Ѓорчевски беше обвинет – а потоа ослободен – во постапката за убиството на неговата ќерка Вања Ѓорчевска. Обвинението го товареше дека комуницирал со Љупчо Палевски и наводно му доставувал информации, но судот оцени дека нема материјални докази што ја поткрепуваат таа теза.

Со поднесувањето на жалбата започнува второстепената постапка, во која Апелациониот суд ќе утврдува дали пресудата ќе остане во сила или ќе се врати на повторно судење.

Escape