На 20 ноември 2025 година, околу 16:00 часот, двајца вработени во ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје се физички пресметале на подрачјето на општина Карпош.
Според пријавата поднесена во СВР Скопје, С.И.(56) од Скопје бил нападнат од неговиот колега А.Н.(35) од село Грчец, скопско, кој користел тврд предмет при инцидентот.
Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
















