Стокомак оваа година ги израдува своите вработени со регрес од 47.000 денари, како знак на благодарност за нивниот посветен труд.
Компанијата соопшти дека оваа одлука е дел од континуираната грижа и почит кон своите вработени, особено во време на економски предизвици, со цел да им обезбеди поддршка и сигурност.
Покрај регресот, Стокомак продолжува да ја одржува традицијата на доделување летен сет и верски бонус, практики кои ја потврдуваат корпоративната култура на грижа и почит кон вработените.
„Веруваме дека зад секој успех стојат луѓето кои даваат сѐ од себе секој ден. Затоа остануваме посветени на создавање стабилна и мотивирачка работна средина, каде што грижата за вработените е приоритет“, изјавија од компанијата.
Со оваа мерка, Стокомак го нагласува значењето на посветените вработени и продолжува да инвестира во нивната благосостојба и мотивација
















