ПРВ.мк
Балкан

Вучиќ ја обвини генерацијата „блокадери“: „ВИЕ СТЕ ВИНОВНИ ЗА ОВА“

Вучиќ ја обвини генерацијата „блокадери“: „ВИЕ СТЕ ВИНОВНИ ЗА ОВА“
Kristal

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, предизвика внимание со изјавата дека Русите станале сопственици на Нафтената индустрија на Србија (НИС) „не благодарение на него, туку на блокадерите кои ја продале во 2008 година“. Терминот „блокадери“ се користи за студентите кои протестираат во Србија, што предизвика прашања и реакции во јавноста.

– „Ги слушам луѓето што критикуваат, но не знаат што критикуваат. НИС е 56 проценти во сопственост на руска државна компанија, Русите се сопственици, не ние, и тоа не благодарение на мене, туку на блокадерите кои ја продадоа во 2008 година“, рече Вучиќ по регионалната бизнис конференција за Обединетото Кралство и Западен Балкан.

Тој додаде дека сегашната влада не е одговорна за продажбата и дека Русија преговара со три компании за продажба на својот удел во НИС.

Проблемот со изјавата е тоа што повеќето од студентите кои денес протестираат биле деца или дури не биле родени во 2008 година, што прави тешко да се разбере како тие можеле да учествуваат во продажбата на клучен национален ресурс.

Ова не е првпат Вучиќ да ги обвинува студентите за настани во кои тие не можеле да имаат никакво влијание. Во јуни ова година, тој ги обвини истите „блокадери“ за екстрадицијата на Слободан Милошевиќ во Хаг, иако повеќето од сегашните демонстранти биле уште во пелени или не биле родени во тоа време.

– „Имавме ужасни денови, како што беше намерното предавање на претседателот Милошевиќ на Хашкиот трибунал на Видовден. Тоа е еден од најголемите срамови што блокадите ги направија против државата Србија“, рече тогаш Вучиќ.

Escape