ПРВ.мк
Македонија

Жан Митрев Клиника алармира: Работиме со загуба, не со профит - деталите откриваат многу повеќе!

Жан Митрев Клиника алармира: Работиме со загуба, не со профит - деталите откриваат многу повеќе!
Kristal

Клиниката „Жан Митрев“ објави официјално соопштение во кое алармира дека со работењето за Фондот за здравствено осигурување прави значителни финансиски загуби. Според нивните пресметки, секоја операција извршена на пациент осигурен преку Фондот носи просечен минус од 3.517 евра – сума што мора да се покрива со средствата добиени од приватните пациенти.

Во соопштението стои дека само во 2024 година загубата од услугите извршени по ценовникот на Фондот надминала 4 милиони евра. И покрај тоа, клиниката продолжила да ги изведува сите операции за кои има договор, со образложение дека ниту еден пациент во критична состојба не смее да остане без неопходна интервенција.

Од таму нагласуваат дека токму средствата од приватните услуги ја покривале дупката што се создала од работењето со Фондот, практично субвенционирајќи го јавниот здравствен систем со милионски износи.

Клиниката бара надлежните институции да спроведат детална контрола за да се утврди дали навистина е можно да се работи „профитабилно“ по цените што ги пропишува ФЗОМ, како што, според нив, тврдат одредени страни.

На крајот додаваат дека само целосната транспарентност може да ѝ даде на јавноста вистинска слика за тоа какви финансиски услови важат при извршувањето на здравствените услуги и како тоа влијае врз квалитетот на грижата за пациентите.

Escape