ПРВ.мк
Свет

Пари за Ковид-вакцини завршиле во изборна кампања - еве ги деталите!

Пари за Ковид-вакцини завршиле во изборна кампања - еве ги деталите!
Kristal

Американската конгресменка од Флорида, демократката Шила Шерфилус-Меккормик, се најде во центар на сериозен скандал, обвинета дека украла и перала федерални средства наменети за Ковид-вакцинацијата, кои наводно завршиле во нејзината изборна кампања во 2021 година. Според информациите објавени од Би-Би-Си, обвиненијата се темелат на истрага што открила комплексна шема за префрлање државни пари.

Според Министерството за правда, конгресменката и нејзиниот брат Едвин Шерфилус преку семејната компанија „Тринити хелткеар сервисес“ добиле преплата од околу пет милиони долари од ФЕМА – средства што биле доделени за регистрација на граѓани за Ковид-вакцинација. По добивањето на парите, започнало нивно префрлање преку повеќе банкарски сметки со цел да се прикрие потеклото.

Обвинителите тврдат дека дел од средствата биле проследени до пријатели и роднини на Шерфилус-Меккормик, кои потоа ги донирале назад во нејзината кампања како лични донации – практика која сериозно го прекршува федералниот изборен закон.

Главната обвинителка Пам Бонди случајот го нарече „особено себично и цинично злосторство“ и порача дека никој нема имунитет пред законот, па ни влијателните политичари кои ги злоупотребуваат парите на даночните обврзници.

Од друга страна, конгресменката во својата писмена изјава категорично ги негира обвиненијата, тврдејќи дека се политички мотивирани.

Таа нагласи дека „не сторила ништо погрешно“ и дека ќе се бори да го исчисти своето име.

Шерфилус-Меккормик веќе е под истрага и од Комитетот за етика на Претставничкиот дом, а доколку Судот ја прогласи за виновна, ѝ се заканува казна затвор до 53 години – што може да означи крај на нејзината политичка кариера.

Escape