Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, повторно јавно потврди дека Палестинска држава нема да постои, дури и ако тоа значи блокирање на нормализирањето на односите со Саудиска Арабија. Според него, создавање палестинска држава би претставувало „егзистенцијална закана за Израел“.
„Нема да има палестинска држава. Многу едноставно – таа нема да биде воспоставена“, изјави Нетанјаху.
На прашањето зошто е стопирана нормализацијата меѓу Тел Авив и Ријад, Нетанјаху наведе дека војната во Газа значително го забавила процесот. Сепак, додаде дека како што конфликтот се смирува, повторно се отвораат услови за дипломатски напредок.
„Но, условите мора да бидат добри и прифатливи за двете страни“, истакна тој, додавајќи дека знае како да ги заштити „основните интереси и безбедноста на Израел“.
















