Руските сили целосно го контролираат градот Купјанск, изјави началникот на Генералштабот на руската армија, Валериј Герасимов, во разговор со претседателот Владимир Путин.
Според извештајот на Герасимов, руските трупи ги уништиле украинските формации кои биле опкружени на левиот брег на реката Оскол, пренесува државната агенција „Тасс“.
„Единиците на Борбената група Запад го ослободија градот Купјанск и продолжуваат да ги уништуваат украинските формации опкружени на левиот брег на реката Оскол“, рече Герасимов во директно обраќање до Путин.
На состанокот емитуван на руската државна телевизија, Путин прашал: „Значи, тоа е сè? Дали завршија сè?“ Командантот на Борбената група Запад потврдил дека операцијата е завршена.
Официјален Киев сè уште не дал коментар за овие тврдења на руската армија.
















