46-годишна жена беше тешко повредена откако беше удрена од патничко возило на крстосницата на улицата „Филип Втори Македонски“ со сервисна улица во Скопје.
Возилото било управувано од 62-годишен скопјанец, кој веднаш по несреќата бил приведен, информираат од СВР Скопје. Повредената жена со сериозни телесни повреди е пренесена во Градската општа болница, а полицијата работи на расчистување на случајот.
















