ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) Жителите на Ресен во паника, се плашат од ноќта што треба да ја преживеат - еве колку домови се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Ресен во паника, се плашат од ноќта што треба да ја преживеат - еве колку домови се поплавени
Kristal

Поради силните и постојани врнежи, целото подрачје на Општина Ресен денес се соочи со сериозни поплави. Болнска и Источка река се излеале во селата Царев Двор и Дрмени, каде што под вода завршиле повеќе од 50 куќи, визби, магацински простори и големи површини земјоделско земјиште.

Проблеми се пријавени и во селото Долна Бела Црква, каде Голема Река излегла од коритото. Моменталниот водостој достигнал 210 сантиметри, што дополнително го зголемува ризикот за околните домови и имоти.

На терен се распоредени екипи на „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни фирми со тешка механизација. Вкупно седум пумпи постојано испумпуваат вода, а багери работат на расчистување на наносите и обезбедување на критичните делови.

Во населбата Црквиште се ангажирани сите расположливи пумпи за да се намали водата што навлезе во објектите.

Од „Македонија пат“ информираат дека на повеќе патни правци има нанос од земја и кал, кои се расчистуваат според приоритет и достапност на механизација.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Escape