Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма истакна дека во Град Скопје постои превработеност и дека не му се потребни толкав број на вработени.
Тој посебно ги спомна хигиеничарките и шоферите, нагласувајќи дека повеќето од нив не му се потребни за нормално функционирање:
„Дваесет и пет хигиеничарки не ми требаат, но секако дека има. Десетина шофери исто така не ми се потребни – сам се возам. Се возев во Кисела Вода сам и се возам и сега. Најбезбедно се чувствувам така. Тоа е мое лично право на избор. Нема ниту обезбедување, имам соработник кој ми помага околу ова“, изјави Ѓорѓиевски.
Градоначалникот порачува дека личниот избор и ефикасноста се приоритет за него, и дека не е потребно вишок на кадар за нормално управување со градот.

















