ПРВ.мк
Скопје

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ: Линијата 35 продолжува до Радишани, Бутел директно се поврзува со оваа скопска општина!

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ: Линијата 35 продолжува до Радишани, Бутел директно се поврзува со оваа скопска општина!

Автобуската линија 35 ќе биде продолжена до Радишани, со што жителите на Општина Бутел ќе добијат директна автобусka поврзаност со другиот дел од Скопје.

Процедурата за продолжување на трасата е завршена, а постигнат е договор меѓу градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и директорот на ЈСП за новото сообраќајно решение.

Според најавата, во следните денови ќе биде објавен новиот возен ред, по што линијата 35 ќе започне да сообраќа пробно до последната постојка на линијата 57 во Радишани.

Првично продолжувањето ќе функционира како пробна линија, а доколку граѓаните покажат интерес и се утврди потреба од ваквата врска, се очекува новата траса да продолжи да функционира и понатаму.

Со продолжувањето на линијата 35, Бутел преку јавниот градски превоз ќе добие директна врска со Општина Аеродром, што треба да овозможи полесно патување меѓу овие делови од градот.

Од Општина Бутел упатија благодарност до Град Скопје и ЈСП за соработката, но и до жителите кои преку своите предлози и сугестии придонеле за иницирање на ова сообраќајно решение.

Почетокот на новото сообраќање се очекува во наредните денови, откако ќе биде презентиран новиот возен ред.