Во центарот на Скопје денеска ќе се одржи свечена литија во пресрет на утрешниот празник Раѓање на Пресвета Богородица, кој се одбележува и како празник на заштитничката на градот.
Прославата ќе започне со вечерна богослужба во 17 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во центарот на Скопје. По богослужбата, верниците ќе се упатат во литија со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица, која ќе помине низ централното градско подрачје.
Утре, на самиот ден на празникот, во храмот ќе биде отслужена утрена богослужба со почеток во 07:30 часот, по што во 09:00 часот ќе започне светата литургија.
Од братството при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ ги повикуваат верниците, но и сите луѓе со добра волја, да се придружат на свеченото одбележување на Раѓањето на Мајката Божја и заеднички да го прослават празникот посветен на заштитничката на Скопје.









