ПРВ.мк
Скопје

(ВИДЕО) „МАРКО КРАЛЕ“ ВО БУТЕЛ ДОБИВА НОВ ЛИК: Градоначалникот со ново исполнето барање на граѓаните

(ВИДЕО) „МАРКО КРАЛЕ“ ВО БУТЕЛ ДОБИВА НОВ ЛИК: Градоначалникот со ново исполнето барање на граѓаните

Во Општина Бутел започнаа градежните активности за реконструкција на улицата „Марко Крале“, која претставува една од главните сообраќајници во населбата Бутел.

Од Општината информираат дека реализацијата на проектот следува како одговор на барањата и потребите на граѓаните, во рамки на тековните активности за подобрување на патната инфраструктура.

Улицата „Марко Крале“ опфаќа површина од 6.120 квадратни метри и е со должина од 110 метри. Со започнувањето на градежните работи се продолжува со реконструкцијата на сообраќајниците во оваа скопска општина.

Претходно во Бутел беа реконструирани и улиците „Хо Ши Мин“ и „Натанаил Кучевишки“.

Од локалната самоуправа посочуваат дека реализацијата на ваквите проекти е насочена кон исполнување на дадените ветувања и создавање подобри услови за секојдневно движење на граѓаните.

Со реконструкцијата на „Марко Крале“, како што наведуваат од Општината, продолжуваат активностите за обнова и унапредување на патната инфраструктура на територијата на Бутел.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА