ПРВ.мк
Црна Хроника

НОЌНА ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Скопјанец се степал во казино, па нападнал полицаец - еве како реагирала полицијата!

НОЌНА ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Скопјанец се степал во казино, па нападнал полицаец - еве како реагирала полицијата!

Триесетгодишен скопјанец е приведен откако претходно било пријавено дека во казино во скопската општина Аеродром го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Според пријавеното, Д.Т. (30) од Скопје на 18 септември 2026 година околу 03:20 часот влегол во физички конфликт со С.С. (28), исто така од Скопје.

При интервенцијата, според полицијата, 30-годишникот агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.

Д.Т. бил приведен од страна на полициски службеници од СВР Скопје, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок до надлежните органи.

Најнови вести