Повеќе населби и улици во Скопје се соочија со прекини во водоснабдувањето поради дефекти на водоводната инфраструктура и планирани технички интервенции.
Екипите на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ интервенираа на неколку локации во градот, каде што беа регистрирани оштетувања и потреба од зафати на водоводната мрежа.
На улицата „Рокомија“, околу 25 домаќинства останале без вода поради дефект на водоводна цевка со профил Ф100 милиметри.
Интервенции биле извршени и на улиците „Брсјачка Буна“, „Овчеполска“, „Црвени Брегови“, „Груица Војвода“, „Христо Смирненски“ и „Борка Талевски“, каде што исто така биле регистрирани проблеми на водоводната мрежа.
Дополнителен прекин во снабдувањето со вода бил предизвикан поради поврзување на старата со новата водоводна мрежа со профил Ф150 милиметри. Интервенцијата се одвивала на крстосницата меѓу улиците „Пелагонија“ и „Индира Ганди“.
Поради зафатот, без вода останале корисниците од краците на улицата „Индира Ганди“, како и дел од подрачјето на Визбегово.
Екипите на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ продолжуваат со интервенциите на терен со цел отстранување на дефектите и нормализирање на водоснабдувањето.









