Четириесетгодишна жена од Куманово била приведена во текот на ноќта, откако било пријавено дека физички нападнала малолетничка.
Од СВР Куманово информираат дека на 20 септември 2026 година, во 02:50 часот, полициски службеници ја лишиле од слобода А.А. (40) од Куманово. Според пријавеното, инцидентот се случил на улицата „Тоде Мендол“, каде што жената физички ја нападнала малолетничката.
А.А. била приведена и задржана во полициска станица, а полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
По завршувањето на постапката и целосното документирање на настанот, против 40-годишната кумановка ќе биде поднесена соодветна пријава.








