По повеќегодишни иницијативи и заложби, во Кавадарци официјално е формирана Регионалната занаетчиска комора – Кавадарци, со што локалните занаетчии добиваат институционална платформа за застапување на нивните интереси и понатамошен развој на секторот. Формирањето на Комората го поддржале со потпис повеќе од 350 занаетчии од Кавадарци.
Значајна поддршка на целиот процес дадоа Општина Кавадарци и градоначалникот Митко Јанчев, со цел занаетчиите да добијат подобри услови за организирање, развој и заштита на својата дејност.
Новоформираната Комора треба да претставува заеднички глас на занаетчиите пред институциите и да придонесе за подобрување на условите за работа, олеснување на административните процедури, зачувување на традиционалните занаети и развој на современите занаетчиски дејности.

Со нејзиното формирање се отвора простор и за дополнителни активности во насока на едукација, информирање за можности за финансиска поддршка и подобро позиционирање на занаетчиите на пазарот.
Градоначалникот Митко Јанчев им упати честитки на кавадаречките занаетчии за значајниот чекор, а поддршката од локалната самоуправа продолжува во насока на зајакнување на локалната економија и создавање подобри услови за луѓето кои со својот труд и занает придонесуваат за развојот на Кавадарци.







