Во Кавадарци продолжуваат инфраструктурните активности насочени кон подобрување на системот за прифаќање и одведување на атмосферските води, со конкретни зафати на повеќе критични точки во градот.
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, информираше дека на Западен Булевар се гради нова атмосферска линија во должина од 120 метри, при што се поставуваат коругирани цевки Ф500.

Со овој зафат се работи на решавање на долгогодишниот проблем со задржувањето на атмосферските води на овој дел од градот, особено при пообилни врнежи.
Паралелно се работи и на улицата „Диме Туриманџов“, каде се поставуваат нови атмосферски линии и сливни решетки, со што треба да се овозможи подобро прифаќање и одведување на водата.
Активностите се инвестиција на ЈП „Комуналец“ Кавадарци, а работите се изведуваат со сопствени капацитети на претпријатието.

Со овие зафати, Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ продолжуваат со системско решавање на критичните точки и унапредување на комуналната инфраструктура во градот.






