ПРВ.мк
Сцена

TOMSKY GARAGE официјално стартува започна снимањето на првата епизода!

TOMSKY GARAGE официјално стартува започна снимањето на првата епизода!

Овој викенд и официјално започна снимањето на првата епизода од TOMSKY GARAGE нов автомобилски entertainment проект на Томски и Мартин, создаден за сите што ги сакаат автомобилите, брзината, предизвиците и приказните што не можат да се испланираат до крај.

Првата сезона започнува со голем предизвик: купување на оштетена „dream car“ со непозната вистинска состојба и една јасна цел да се врати повторно во живот.

Од моментот на купувањето и неизвесното пристигнување, преку првата дијагностика, скриените проблеми и поправките, па сè до првото палење и излегување на пат камерите ќе го следат целиот процес без разубавување.

Во TOMSKY GARAGE, Томски ја носи енергијата, приказната и предизвиците, додека Мартин е човекот кој треба да најде решение кога работите ќе тргнат во погрешна насока.

Но проектот нема да биде само механика.

Ќе има тестови, патувања, гости, неочекувани ситуации, брзина, хумор и моменти во кои никој нема однапред да знае како ќе завршат.

Најголемото прашање во првата сезона е едноставно:

Може ли оштетената dream car повторно да стане автомобилот за кој вреди да се сонува?

Снимањето е веќе започнато.

TOMSKY GARAGE доаѓа наскоро.