Прекинот на долгогодишната соработка меѓу српската пејачка Јелена Карлеуша и нејзиниот близок пријател и соработник Зоран Бирташевиќ повторно ја разбранува јавноста, откако тој за првпат јавно проговори за нивното разделување.
По повеќе од две децении соработка, Карлеуша претходно потврди дека нивните професионални патишта се разделиле, нагласувајќи дека причините се поврзани со сериозни деловни несогласувања.
Пејачката истакна дека никогаш не го обвинила Бирташевиќ дека ја крадел, но посочи дека одредени случувања силно ја погодиле.
Дополнително внимание привлече нејзината изјава дека новиот партнер Александар Шево ја спасил од голема финансиска измама, што дел од јавноста го протолкува како индиректна порака до поранешниот соработник.
Бирташевиќ сега реагираше на социјалната мрежа „Икс“, откако еден корисник го праша зошто не ги демантира шпекулациите дека ја поткраднувал пејачката.
Тој одговори дека досега молчел од пристојност и трпение, но дека повеќе не сака да премолчува одредени работи.
„Прашајте ја како го запозна своето момче“, напиша Бирташевиќ, додавајќи дека неговиот следен чекор ќе биде откривање на целата вистина.
Во објавата изнесе и тврдења дека добива закани од лица поврзани со криминал, со цел да молчи.
Сепак, набрзо по објавувањето, Бирташевиќ ја избриша пораката од социјалната мрежа.
Засега не е познато дали Карлеуша ќе одговори на неговите последни тврдења.










