ПРВ.мк
Сцена

КОГА НЕМАЛ НИШТО, ТАА МУ ПОМОГНАЛА: Гестот на Роналдо кон жената која го хранела ги расплака сите!

КОГА НЕМАЛ НИШТО, ТАА МУ ПОМОГНАЛА: Гестот на Роналдо кон жената која го хранела ги расплака сите!

Пред да стане еден од најпознатите и најбогати фудбалери во светот, Кристијано Роналдо поминал низ тешки моменти во детството и младоста, а една приказна од тој период со години ја трогнува јавноста.

Малкумина знаат дека на почетокот од својата кариера, кога сè уште бил само млад фудбалер кој сонувал за големи успеси, Роналдо често немал доволно средства. Во едно интервју тој раскажал дека со своите пријатели одел во ресторан за брза храна во Мадеира, каде што една вработена му давала непродадени хамбургери.

Тој открил дека никогаш не ја заборавил жената која во тие моменти му помогнала и се однесувала кон него како кон свое дете.

„Секогаш се сеќавав на жената која ме хранеше кога немав ништо“, раскажал Роналдо, кој со години се обидувал повторно да ја пронајде.

По години потрага, приказната добила неочекуван пресврт. Кога конечно успеале да стапат во контакт, било откриено дека жената живее во тешки услови и дека повеќе не може да работи како порано.

Според приказните што кружат во јавноста, Роналдо решил да ѝ се оддолжи за добрината што му ја покажала во најтешките моменти од неговиот живот. Се споменува дека ѝ помогнал финансиски и дека дури ѝ обезбедил сопствен бизнис, како благодарност за поддршката што ја добивал кога бил млад и без средства.

Но, ова не е единствената приказна која покажува дека португалската фудбалска ѕвезда не ги заборава луѓето кои му помогнале на патот кон успехот.

Една од најпознатите приказни е поврзана со неговиот пријател од детството Алберт Фантрав. Пред многу години, додека играле фудбал како деца, двајцата се бореле за место во академијата на Спортинг Лисабон.

Според приказната што ја споделил Роналдо, скаутите им кажале дека играчот кој ќе постигне најмногу голови на натпреварот ќе добие шанса да биде примен во академијата.

Натпреварот завршил со победа од 3-0, а Роналдо го постигнал првиот гол. При третата ситуација, Фантрав можел сам да постигне гол, но наместо тоа му ја додал топката на својот пријател, кој ја искористил шансата.

Токму тој момент, според Роналдо, бил еден од клучните во неговиот живот.

„Го прашав зошто го направи тоа, а тој ми одговори: ‘Подобар си од мене’“, раскажал фудбалерот.

Години подоцна, кога Роналдо веќе стана светска фудбалска ѕвезда, тој јавно му се заблагодари на својот стар пријател за жртвата што ја направил.

Кога новинарите го посетиле Фантрав и го прашале дали приказната е вистинита, тој ја потврдил. Но, она што ги изненадило сите било прашањето како човек кој повеќе не се занимава професионално со фудбал има обезбеден живот.

Одговорот бил краток и јасен:

„Од Кристијано.“

Приказните за луѓето од минатото на Роналдо покажуваат дека зад неговиот успех не стојат само талентот и работата, туку и луѓето кои му помогнале во моментите кога сè уште никој не знаел дека еден ден ќе стане една од најголемите спортски икони во светот.

Најнови вести