ПРВ.мк
Сцена

ИСПОВЕД НА СРПСКА ПЕЈАЧКА: „Ме силуваа на 14 години“

ИСПОВЕД НА СРПСКА ПЕЈАЧКА: „Ме силуваа на 14 години“

Српската пејачка Зорана Симеуновиќ (32), која јавноста ја запозна и преку учеството во „Ѕвездите на Гранд“, денес живее со сопругот и нивната ќерка. Зад нејзиниот сегашен семеен живот, сепак, стои исклучително тешко детство и низа животни искуства за кои таа јавно говорела.

Зорана со години се соочува и со негативни коментари во јавноста, меѓу другото и поради проблемите со анорексијата, како и поради нејзиниот брак со композиторот Стеван Симеуновиќ, кој е 30 години постар од неа.

Двајцата се заедно од 2019 година, а во 2024 година станале родители на ќерка, која, како што има кажано Зорана, денес е центарот на нивниот живот.

Минатата година, гостувајќи во емисијата на Огњен Амиџиќ, пејачката се присетила и на запознавањето со сопругот. Таа кај композиторот дошла со намера да направи дуетска песна со Саша Матиќ, а со себе носела и плик со пари. Според нејзиното сведоштво, Стеван ѝ рекол дека ќе ја направи песната под услов таа да се омажи за него.

„Ме освои со реченицата: Јас тебе те разбирам, и млада си и убава, ама додека си под мој покрив нема ништо да ти фали. Нема да бидеш гладна, жедна, ќе спиеш мирно, и со тоа ме ‘купи’“, раскажала таа.

Иако денес вели дека го живее семејниот живот за кој отсекогаш мечтаела, нејзиното детство било далеку од безгрижно.

Нејзиниот татко починал кога имал само 29 години, по што нејзината мајка набрзо повторно се омажила. Зорана, според нејзиното сведоштво, не била прифатена од очувот, па на 14-годишна возраст била испратена во дом за деца.

Токму во тој период, кога сè уште била дете, таа доживеала и сексуално насилство. За ова јавно зборувала во интервју, нагласувајќи дека таквото искуство оставило трага врз неа.

Зорана тогаш истакнала дека не е единствената личност на која ѝ се случило такво нешто и дека последиците од траумата ги носи со себе и денес.

„Не сум единствената на која ѝ се случи тоа. Ќе ја носам таа траума додека сум жива. Иако сум му благодарна и на Бога што имам љубов и што со неа можам да надминам сè што е лошо“, изјавила пејачката.

Таа објаснила и дека во тој период имала неполни 14 години и дека искуството целосно го променило нејзиниот поглед кон животот.

„Во тоа време имав неполни 14 години. Тогаш си дете, но со сменето мислење за животот. Преку ноќ си пораснал, веќе не си дете и поинаку ги доживуваш работите“, раскажала таа.

По престојот во домот за деца, Зорана била испратена и во прифатен центар. На 18 години почнала да пее и самостојно да заработува.

Во тој период, контактот со нејзината мајка бил прекинат. Како што раскажала пејачката, мајка ѝ одлучила дека не сака да ја гледа својата ќерка.

„Мајка ми не сакаше да контактираме. Кога почина не плачев затоа што е мртва, туку затоа што ја изгубив можноста да имам мајка каква што заслужува секое дете“, открила Зорана.

Сепак, пред смртта на мајка ѝ, двете успеале повторно да се сретнат. Зорана вели дека тоа се случило еден месец пред нејзината смрт и дека тогаш ѝ простила.

Својата животна приказна пејачката ја споделувала и во периодот кога настапувала во „Гранд“. Таа нагласувала дека не сака луѓето да ја сожалуваат, туку нејзиното искуство да биде пример дека и покрај исклучително тешките околности, човек може да изгради подобар живот.

Денес, покрај музиката и семејните обврски, Зорана е активна и во хуманитарната работа. Таа им помага на луѓето колку што може, а посебно внимание посветува на децата.