ПРВ.мк
Сцена

Боки13 направи лом во Штип – спектакл и светско шоу, исполнет до последно место и врвна атмосфера (ФОТО + ВИДЕО)

Боки13 направи лом во Штип – спектакл и светско шоу, исполнет до последно место и врвна атмосфера (ФОТО + ВИДЕО)

Штип беше центарот на забавата, енергијата и вистинскиот сценски спектакл, а во главната улога повторно беше Бојан Јовановски – Боки13. Вечерта помина во знакот на одлична атмосфера, музика, еуфорија и публика која уште еднаш покажа дека Боки13 каде и да се појави – знае да направи шоу за кое долго се зборува.

Дополнителна енергија на вечерта донесоа и Давор Арџик и Давид, кои беа специјални гости и придонесоа за забавата и расположението да достигнат кулминација. Музика, дружење, позитивна енергија и незаборавни моменти – Штип буквално беше на нозе.

Но, покрај целиот гламур и спектакл, вечерта имаше и посебно емотивен момент. Во публиката беше присутна и мајката на Боки13, Јасмина, која дојде да му даде поддршка и одблизу да го проследи неговиот настап.

Со препознатливата харизма, сценска самодоверба и непосредна комуникација со публиката, Боки13 уште еднаш покажа зошто неговите појавувања не се само настапи, туку вистински шоуменски доживувања.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА