Со емотивна порака и транспарент со натпис „Не простуваме. Не забораваме“, членовите на навивачката група „Комити Скопје“ одбележаа 25 години од тешкиот масакр кај Карпалак, потсетувајќи на херојството на десеттемина македонски бранители кои ги загубија животите на денешен ден, 8 август 2001 година.
На овој датум пред точно две и пол децении, во заседа кај месноста Карпалак беа нападнати возилата од колоната на македонските безбедносни сили, при што животите ги загубија десет припадници на резервниот состав.
И по 25 години, споменот на загинатите бранители останува длабоко врежан во колективната меморија, а 8 август и понатаму продолжува да се одбележува како ден на тага, почит и сеќавање на овој трагичен настани од македонската историја.









