ПРВ.мк
Република

(ФОТО) ПОЧИТ ЗА ХЕРОИТЕ КОИ ГИ ДАДОА ЖИВОТИТЕ ЗА КУМАНОВО! Делегација на МВР положи цвеќе на Спомен-костурницата

(ФОТО) ПОЧИТ ЗА ХЕРОИТЕ КОИ ГИ ДАДОА ЖИВОТИТЕ ЗА КУМАНОВО! Делегација на МВР положи цвеќе на Спомен-костурницата

По повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово и 507 години од постоењето на градот, денеска на Спомен-костурницата беше положено свежо цвеќе во знак на почит кон борците кои ги дадоа своите животи за слободата на Куманово.

Делегацијата на Министерството за внатрешни работи ја предводеше државниот секретар Сашо Петрушевски, кој заедно со останатите членови им оддаде почит на загинатите херои и нивната жртва за ослободувањето на градот.

По церемонијата на Спомен-костурницата, претставниците на МВР присуствуваа и на свечената седница во Занаетчискиот дом. Во рамки на настанот традиционално беа доделени Ноемвриските награди на граѓани и правни лица кои преку својата работа, посветеност и придонес оставиле значајна трага во општествениот живот на Куманово.

Свечената програма беше збогатена со културно-уметнички настапи, со кои беше одбележан значајниот датум за градот.

Одбележувањето на 11 Ноември претставува потсетување на богатото историско минато, храброста и непокорниот дух на Куманово. Воедно, овој ден ја нагласува важноста од зачувување на историското наследство, традициите и вредностите што се длабоко вкоренети во колективната меморија на кумановци.

Најнови вести