ПРВ.мк
Култура

(ФОТО) СПОЈ НА ТРАДИЦИЈАТА И СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ ВО ВЕЛЕС! Еве како изгледаше изложбата на икони и уметнички дела

(ФОТО) СПОЈ НА ТРАДИЦИЈАТА И СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ ВО ВЕЛЕС! Еве како изгледаше изложбата на икони и уметнички дела

Во Ликовниот салон во Велес вчеравечер беше отворена изложбата „Дијалог со светото – Од иконографскиот канон до современ сакрален израз“, која преку икони и современи уметнички дела создава простор за средба на духовноста, традицијата и модерниот уметнички пристап.

Посетителите имаа можност да разгледаат впечатливи уметнички творби исполнети со естетика, симболика и длабоки пораки. Секое дело нуди поинакво доживување, поттикнувајќи ги набљудувачите да застанат, да размислат и да ја почувствуваат уметноста како начин на изразување на најдлабоките човечки емоции и духовни доживувања.

Изложбата е во организација на ЛУ Народен музеј – Велес и е дел од програмата посветена на одбележувањето на 9 Ноември – Денот на ослободувањето на Велес.

Настанот воедно е дел од чествувањето на значајниот јубилеј – 80 години музејска дејност во Велес, со што уште еднаш се истакнува улогата на музејот во зачувувањето, претставувањето и развојот на културното и уметничкото наследство.

Најнови вести