ПРВ.мк
Република

(ФОТО) Кавадарци добива нов спортски бисер - еве со што се ќе располага новиот модерен спортски центар!

(ФОТО) Кавадарци добива нов спортски бисер - еве со што се ќе располага новиот модерен спортски центар!

Интензивно напредуваат градежните работи на новиот објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци. Проектот постепено ја добива својата конечна форма и претставува значајна инвестиција во развојот на спортската инфраструктура во градот.

Новиот објект ќе се простира на површина од 1.000 квадратни метри во основа, со подрум, приземје и кат, а ќе располага со современи содржини наменети за спортистите и спортските активности:

🏐 Куглана🤸‍♀️ Сала за гимнастика🏨 Седум апартмани за сместување на спортисти

Вредноста на инвестицијата изнесува 118 милиони денари, а проектот е целосно финансиран преку Владата, во рамки на вториот повик.

Со реализацијата на овој проект, Кавадарци продолжува да вложува во создавање современи услови за спорт, рекреација и развој на младите, потврдувајќи ја својата определба да се развива како модерен и спортски ориентиран град.