ПРВ.мк
Наука/Технологија

Историја во вселената: Италијанец ќе стане првиот Европеец во мисијата „Артемис“

Историја во вселената: Италијанец ќе стане првиот Европеец во мисијата „Артемис“

Италијанскиот астронаут Лука Пармитано ќе стане првиот Европеец кој ќе учествува во програмата „Артемис“ на НАСА, објави раководителот на американската вселенска агенција Џаред Ајзекмен.

Пармитано, кој е член на Европската вселенска агенција (ЕСА), ќе биде дел од екипажот на претстојната мисија планирана за 2027 година. Со тоа ќе испише нова страница во европската вселенска историја како прв астронаут од Европа вклучен во програмата што треба да го врати човештвото кон Месечината.

Според најавите, мисијата нема да вклучува слетување на Месечината, туку ќе служи за тестирање на системите и вселенското летало во орбита. Ова е важен чекор во подготовките за идните мисии кои имаат за цел повторно испраќање луѓе на површината на Месечината.

Покрај Пармитано, во екипажот ќе бидат и американските астронаути Андре Даглас, Френк Рубио и Ренди Брезник, додека Боб Хајнс е назначен како резервен член на тимот.

Програмата „Артемис“ претставува еден од најамбициозните вселенски проекти на НАСА во последните децении и има за цел поставување темели за идни мисии кон Месечината и Марс.