Жителите на делови од општините Карпош и Гази Баба утрово ќе останат без вода поради дефекти на водоводната мрежа, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Поради дефект на приклучна цевка на улицата „Струшка“ бр. 2, без водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Јуриј Гагарин“, „Струшка“ и дел од улицата „Козле“. Прекинот започна во 9:20 часот и ќе трае до целосно отстранување на дефектот.
Во исто време, поради уличен дефект на булеварот „Александар Македонски“, прекин во снабдувањето со вода имаат и жителите на населбата Инџиково во општина Гази Баба.
Од јавното претпријатие посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на санацијата на двата дефекта.










