Шеесет и тригодишен жител на Струмица, кој престојувал во селото Габрово, е лишен од слобода откако, според полицијата, предизвикал пожар во својот двор, кој потоа се проширил и кон улицата.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека инцидентот се случил на 30 јули околу 22 часот, кога полициски службеници го забележале мажот како го предизвикува пожарот.
На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица од Струмица, која успеала навреме да го локализира и изгасне огнот. Во пожарот нема повредени лица.
По приведувањето, кај 63-годишникот било извршено алкотестирање, при што дрегерот покажал 2,04 промили алкохол во организмот.
За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосното документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.










