ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) ОТКИРЕНО ПОДЗЕМНО СКРИВАЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Во напуштен подрум пронајдена голема количина дрога!

(ВИДЕО) ОТКИРЕНО ПОДЗЕМНО СКРИВАЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Во напуштен подрум пронајдена голема количина дрога!

Полициска акција во скопската општина Аеродром резултирала со откривање на поголема количина разновидна наркотична дрога, која била скриена во напуштени подрумски простории во станбена зграда, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно преземени оперативни мерки и активности, извршиле контрола на локацијата, при што било откриено импровизирано скривалиште со повеќе видови наркотични супстанции.

При претресот биле пронајдени бела грутчеста материја за која ќе се вршат дополнителни вештачења, халуциногени печурки, една кеса исполнета со поголема количина таблети екстази, марихуана, како и три дигитални ваги кои најчесто се користат за мерење и подготовка на наркотични средства.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека истрагата сè уште е во тек и дека се преземаат дополнителни мерки и активности со цел целосно да се утврдат сите околности, како и да се идентификуваат лицата поврзани со пронајдената дрога.

По комплетирањето на доказите и расчистувањето на случајот, против инволвираните лица ќе биде поднесен соодветен поднесок во согласност со законските процедури. Случајот е дел од континуираните активности на полицијата насочени кон откривање и сузбивање на нелегалната трговија со наркотични дроги на територијата на Скопје и низ државата.

ВИДЕО

Најнови вести