Охрид и Струга повторно се потресени – ноќеска по полноќ, во 00:48 часот, регистриран е земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил лоциран меѓу Пештани, Охрид и Струга, а потресот бил почувствуван во поширокиот регион со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопштува Сеизмолошката опсерваторија.
Засега нема пријавени штети, но жителите јавуваат дека го почувствувале како кратко, но непријатно тресење.