ПРВ.мк
Свет

Путин го прати Шојгу со тајна мисија: Русија и Северна Кореја во нов сојуз?

Путин го прати Шојгу со тајна мисија: Русија и Северна Кореја во нов сојуз?

Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, денеска пристигна во Северна Кореја, каде повторно ќе се сретне со лидерот Ким Џонг Ун – само две недели по нивната последна средба, јавуваат руските медиуми.

Посетата доаѓа во време кога Северна Кореја се вбројува меѓу најблиските сојузници на Русија во контекст на продолжената офанзива врз Украина. Според официјалните информации, Шојгу допатувал во Пјонгјанг по директна наредба од претседателот Владимир Путин.

Целта на посетата е размена на информации и продолжување на договорите постигнати за време на посетата на Путин на 4 јуни.

Сподели го овој напис