Помладата ќерка на легендарниот пејач Здравко Чолиќ, Лара, неодамна го прослави еден од најважните моменти во својот живот – матурската прослава. Белградскиот салон во еден од најлуксузните хотели беше преполн со елеганција и свеченост кога Лара пристигна во фантастичен краток фустан во нежна боја на песок.

Фустанот со мали набори на половината и дискретен шлиц на страна ја истакна нејзината младешка свежина и класична елеганција. Лара го комплетираше стајлингот со минималистички накит и ефектни сандали на потпетица.

Професионалните шминкери ја нагласија нејзината природна убавина со топли нијанси на сенки и кармин во боја на кајсија, создавајќи свеж и блескав изглед.
Според српските медиуми, Лара неодамна раскина со наследникот на голем синџир теретени на Балканот, а раскинувањето поминало мирно, со обострана одлука да се посветат на личен развој.