ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) Омилено место за најмладите: Детското игралиште во Михајлово, Кавадарци секојдневно преполно со насмевки и детска игра!

(ВИДЕО) Омилено место за најмладите: Детското игралиште во Михајлово, Кавадарци секојдневно преполно со насмевки и детска игра!

Детското игралиште во Михајлово во Кавадарци веќе подолго време претставува омилена дестинација за најмладите. Современо уредениот простор секојдневно е исполнет со деца, млади и семејства кои го минуваат слободното време во игра, дружење и престој на чист воздух.

Поставените модерни и безбедни реквизити не само што нудат забава, туку имаат и важна улога во поттикнувањето на физичката активност и развојот на моторичките способности кај децата.

Ваквите проекти овозможуваат создавање функционални јавни простори кои го збогатуваат секојдневието на локалната заедница – места исполнети со позитивна енергија, нови пријателства и убави спомени.

ВИДЕО

Најнови вести