ПРВ.мк
Балкан

ЈЕЗИВО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Ја претепал и ја давел сопругата - жртвата едвај успеала да се спаси!

ЈЕЗИВО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Ја претепал и ја давел сопругата - жртвата едвај успеала да се спаси!

Маж со иницијали Н. Ш. (39) од Обреновац е уапсен во петокот откако, како што се сомнева, извршил језиво семејно насилство врз својата сопруга И. Ш. (40).

Според сознанијата на „Телеграф“, во семејниот дом дошло до кратка расправија меѓу сопружниците, по што Н. Ш. физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја со тупаници и шутирајќи ја по телото, а потоа ја влечел за коса, ја туркал и ја давел.

Откако ја претепал жената, Н. Ш. ѝ го одзел телефонот и го искршил, оневозможувајќи ѝ да повика помош.

И. Ш. успеала да се спаси така што побегнала од куќата, го зела неговиот автомобил во кој бил клучот и се одвезла во Итната медицинска помош во Обреновац.

Н. Ш. потоа бил уапсен и му било одредено задржување до 48 часа, а денеска треба да биде сослушан во Основниот јавен обвинител во Обреновац.

Најнови вести