Најмалку 14 лица загинаа во комбиниран руски воздушен напад врз Киев извршен во текот на ноќта, соопшти началникот на Градската воена администрација на Киев, Тимур Ткаченко.
„Според прелиминарните податоци, 14 лица загинаа, но информациите сè уште се проверуваат“, напиша Ткаченко на Телеграм, пренесувајќи податоци од Укринформ.
Тој додаде дека главниот град доживеа уште една тешка ноќ, со жртви, повредени, уништени домови и вознемиреност меѓу жителите. Трагањето по преживеани продолжува.