Три лица, медиумски работници, загинаа во израелски воздушен напад врз зградата на иранската државна телевизија, објавија официјални извори од Техеран. Нападот се случил вчера, а бројот на повредени сè уште не е прецизиран.
Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, го нарече нападот „чин на очај и кукавичлук“, обвинувајќи ја израелската страна дека не може да се соочи со вистинска борба, па напаѓа цивилни цели. „Ова е напад врз објект кој единствено ја кажува вистината“, изјави тој за државната телевизија.
Од другата страна, израелската армија утрово потврди дека во текот на ноќта извршила серија масивни напади врз воени цели во западен Иран. Според нивното соопштение, погодени биле складишта со ракети, дронови и позиции за лансирање проектили.
Ова е петти ден по ред на интензивна размена на напади меѓу двете држави, при што тензиите продолжуваат да растат.