ПРВ.мк
Магазин

Свадбата на Безос во Венеција под блокада – жителите бесни: „Го зароби градот!“

Свадбата на Безос во Венеција под блокада – жителите бесни: „Го зароби градот!“
Kristal

Претстојната свадба на милијардерот Џеф Безос и Лорен Санчез, закажана за 24 јуни на островот Сан Џорџо Маџоре во Венеција, предизвика жестоки реакции од локалното население. Според жителите, градот е „заложник“ на раскошниот настан, кој нарушува сè – од туризмот до животната средина.

Според британскиот „Дејли Мејл“, Безос изнајмил пет луксузни хотели и сите водни такси, а во градот се очекуваат ѕвезди, политичари и бизнис-моќници. Локалците најавуваат метеж, безбедносни блокади и нова еколошка закана – сето тоа среде туристичка сезона.

„Веќе сме исцрпени од масовниот туризам, а сега ова. Го зароби нашиот град“, вели Франческа, туристички водич.

Политички и граѓански групи остро реагираа. Групата „Лабораторио Окупато Морион“ сподели флаер со Безос на ракета: „Нема место за Безос, нема место за олигарси!“ Протести се најавени и на денот на венчавката.

И додека градоначалникот Бруњаро – кој се соочува со корупциски обвиненија – вели дека сè ќе биде „во склад со духот на Венеција“, активистите предупредуваат дека градот не смее да се комерцијализира.

Свадбата на Безос, чие богатство се проценува на 220 милијарди долари, доаѓа откако неговата врска со Санчез стана јавна во 2019 година. Според медиумите, тој веќе подготвил предбрачен договор.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape