Стратешки документ кој ја анализира безбедносната состојба на Обединетото Кралство укажува на итната потреба од значителни инвестиции во напредни воени капацитети, муниција и оружје со долг дострел. Особено се истакнува важноста од способност за брзо прилагодување на новите технологии, објави бриселскиот „Политико“.
И покрај тоа што сите препораки од документот се усвоени, британскиот премиер Кир Стармер не се обврза да го зголеми буџетот за одбрана на минимум три проценти од БДП, што е праг што експертите го сметаат за неопходен за ефикасна одбрана.
Ова предизвикува загриженост дека сојузниците во НАТО во моментов не се целосно подготвени за евентуален воен конфликт.