ПРВ.мк
Македонија

„Еден од поголемите погроми на оваа напатена држава и народ!“ - Адвокатот Дуковски за седумгодишнината од Преспанскиот договор

 „Еден од поголемите погроми на оваа напатена држава и народ!“ - Адвокатот Дуковски за седумгодишнината од Преспанскиот договор

Денеска се навршуваат седум години од потпишувањето на Преспанскиот договор, кој стави крај на деценискиот спор меѓу Скопје и Атина. Договорот, склучен во селото Нивици на брегот на Преспанското Езеро, предвидуваше промена на уставното име во Република Северна Македонија, а Грција го призна македонскиот јазик и идентитет. Тој овозможи членство во НАТО и ја засили билатералната соработка меѓу двете земји.

По повод седумгодишнината, адвокатот Сашо Дуковски остро се огласи: „Седум години од овој срам. Не може да ми менува име, идентитет, јазик и историја под меѓународен притисок и без волјата на народот преку валиден референдум. Н Е М О Ж Е! Еден од поголемите погроми на оваа напатена држава и народ!“, порача Дуковски.

Сподели го овој напис